Вчера во Тел Авив, Израел, се одржа првото полуфинале на изборот за песна на Евровизија. Од 17 земји што настапија, во финалето влегоа десет од нив: Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.
Утревечер ќе се одржи второто полуфинале, во кое ќе се натпреваруваат 18 земји, меѓу кои Македонија. Тамара Тодевска ќе настапи претпоследна, под реден број 17, а ќе ја пее песната Proud, посветена на нејзината ќерка.
Финалето на годинашната Евровоизија е закажано за 18 мај (сабота). Во него ќе настапат 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, а директно учество има и Израел како земја домаќин и земјите од големата петорка: Италија, Шпанија, Германија, Велика Британија и Франција.
Фото: Eurovision.tv
Текстот Познати десетте финалисти на Евросонг е превземен од Reporter.mk.