Познати десетте финалисти на Евросонг

Вчера во Тел Авив, Израел, се одржа првото полуфинале на изборот за песна на Евровизија. Од 17 земји што настапија, во финалето влегоа десет од нив: Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Утревечер ќе се одржи второто полуфинале, во кое ќе се натпреваруваат 18 земји, меѓу кои Македонија. Тамара  Тодевска ќе настапи претпоследна, под реден број 17, а ќе ја пее песната Proud, посветена на нејзината ќерка.

Финалето на годинашната Евровоизија е закажано за 18 мај (сабота). Во него ќе настапат 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, а директно учество има и Израел како земја домаќин и земјите од големата петорка: Италија, Шпанија, Германија, Велика Британија и Франција.

Фото: Eurovision.tv

Текстот Познати десетте финалисти на Евросонг е превземен од Reporter.mk.