„Пријатели“ е најпопуларната серија во карантин

Американците во карантин најмногу ја гледале комедијата „Пријатели“, покажа истражуавањето спроведено од „Кејбл ТВ“. Тие анкетираа еден милио жители, кои одговараа на прашањето која серија е најпопуларна помеѓу жителите на САД во време на пандемијата.

Во 12 од 50 сојузни држави во САД најгледана карантинска серија е „Пријатели“. За ситкомот на „Ен-би-си“ се изјасниле жителите на седум од десетте најнаселени сојузни држани. Оваа серија доминира во Калифорнија, Тексас, Флорида, Њујорк, Северна Каролина, Џорџија и во Охајо каде што го дели првото место со „Истрага на местото на злосторството“. На врвот е и во Луизијана, Вирџинија, Њу Хемпшир и Масачусетс, а го дели првото место и во Минесота заедно со серијата „Ова сме ние“.

Инаку, актерите од хит-серијата се сложија да снимат посебна епизода, но тоа е одложено заради короната, па за сега нема датум кога ќе се снима.

Текстот „Пријатели“ е најпопуларната серија во карантин е превземен од Reporter.mk.