Првата наметка на Супермен продадена на аукција

Првата наметка на филмскиот херој Супермен е продадена на аукција во Лос Анџелес за 193.750 долари, соопштила аукциската куќа Julien’s Auctions.

На снимањето на култниот филм „Супермен“ во 1979 година актерот Кристофер Рив носел вкупно шест црвени наметки. На аукција во Беверли Хилс се продадени околу 400 предмети, реквизити и костими користени во познати холивудски продукции.

Униформата на капетан Жан Лук Пикард која актерот Патрик Стјуарт  ја носи во филмот „Ѕвездени патеки“ е продадена за 28.800 долари.

Текстот Првата наметка на Супермен продадена на аукција е превземен од Reporter.mk.