Првиот интерсексуален Австриец доби документи со трет пол

Австриецот Алекс Јурген е првиот човек во историјата кој добил службен документ со означен трет пол. Јурген се пофалил со ваквиот чин велејќи дека претставува признание за сите кои се идентификуваат како мажи и жени.

„За првпат во животот чувствувам дека законот да ме признал. Досега во општеството немало место за луѓе кои не се ни машко ни женско“, изјавил Јурген, личност која е интерсексуалец и родена со атипични хромозоми.

По тригодишна правна битка, Јургерн сега има пасош со означен пол „X“ наместо „M“ (машко) или „F“ (женско). Јурген добил и крштеница на која пишува „останато“. Уставниот суд во 2018 година одредил дека државните закони треба да дозволат додавање на повеќе од два пола на личните документи.

Сè повеќе американски сојузни држави и земји како Германија, Пакистан и Непал им дозволуваат на граѓаните да одберат трет пол на службените документи.

Прописите кои во 2018 година ги донело австриското Mинистерство за внатрешни работи наложуваат детето чиј пол не може да се одреди на крштеницата да има означена опција „отворено“, сè додека одлуката за тоа не ја донесе самото лице или неговите законски старетели.

Интерсексуалните лица можат да се изјаснат како „останато“ во својата крштеница, ако претходно им се даде потврда од медицински експерти, процес кој активистите сакаат да го укинат.

Интерсексуалните бебиња често се подложни на операции за промена на нивниот изглед и функциите на гениталиите со цел да се усогласат со машкиот или женски пол. Ова според експертите, подоцна може да доведе до психолошко нарушување во животот кај личноста.

Медицинските непотребни операции на интерсексуалните деца без нивна согласност се забранети на Малта и Португалија.

Текстот Првиот интерсексуален Австриец доби документи со трет пол е превземен од Reporter.mk.