Првиот тим составен од жени астронаути ќе прошета во вселената на 29 март

На 29 март американската вселенска агенција НАСА ја закажа првата прошетка во вселената, која ќе биде наменета само за жени. Мисијата ќе ја предводат жените астронаути Ен Меклејн и Кристина Кох, изјавила порпаролката на НАСА Кетрин Хамблетон.

Од НАСА прецизираат дека првата жена астронаут која прошетала во вселената била Русинката Светлана Савицкаја  во 1984 година, но овој пат станува збор за првата група на жени астронаути.

Меклејн и Кох ќе добијат помош од Земјата од страна на Кристен Фациол, која ќе биде зад конзолота на НАСА во вселенскиот центар Џонсон во Тексас.

Недела дена пред прошетката, НАСА ќе објави што астронаутите точно ќе работат на оваа мисија. Рускиот вселенски брод „Сојуз“ ќе биде лансиран од космодромот Бајконур  кој се наоѓа до истоимениот град во Казахстан.

Текстот Првиот тим составен од жени астронаути ќе прошета во вселената на 29 март е превземен од Reporter.mk.