Првите бебиња родени во Македонија се близнаци

Првите бебиња родени во Македонија во 2020 година се близнаци, девојче и момче. Тие се родија на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Првото е женско, родено во 00:01, а второто е машко и е родено две минути подоцна. Мајката на близначињата е Снежана Рунтева, и таа рече дека децата ќе се викаат Габриел и Анастасија.

Бебињата утрово ги посетија министерката за труд и социјала Мила Царовска, градоначалникот Петре Шилегов и заменик министерот за здравство, Арменд Арслани.

Текстот Првите бебиња родени во Македонија се близнаци е превземен од Reporter.mk.