Првото бебе мајмун што се роди во зоолошка ќе се вика по медената Атиџе

Во скопската Зоолошка градина вчера се роди првото бебе во оваа година. Првото бебе е мајмун од видот патас. Полот на мајмунчето сè уште не е познат, но надлежните веќе знаат како ќе се вика доколку е женско. Велат дека ако е женско, мајмунот ќе го добие името Атиџе, и тоа по името на главната актерка од филмот „Медена земја“, првиот македонски филм со две номинации за Оскар.

Текстот Првото бебе мајмун што се роди во зоолошка ќе се вика по медената Атиџе е превземен од Reporter.mk.