Расте минималецот во Германија

Германската влада ја усвоила денеска одлуката за зголемување на минималната заработка за 35 центи. Од 2019 година, платата за еден час работа ќе се зголеми на 9,19 евра за час, а од 2020 година ќе се зголеми на 9,35 евра.

Минималната заработка по час во моментов изнесува 8,84 евра. Германскиот министер за финансии Олаф Шолц се заложил минималната плата да биде уште поголема и да биде 12 евра за еден час работа.

Најновото зголемува ќе го почувствуваат повеќе од два милиони луѓе. Според податоците на германската Канцеларија за статистика, околу 1,4 милиони луѓе добиваат минималец во април минатата година, додека уште 800.000 луѓе заработуваат и помалку од минималец.

 

 

Текстот Расте минималецот во Германија е превземен од Reporter.mk.