Ресторан во кој можете бесплатно да јадете ако имате над 100.000 обожаватели на Инстаграм

Сопственици на еден ресторан во Милано, на муштериите им нудат да платат или неплатат во зависност од бројот на пријатели и следбеници кои ги имаат на Инстаграм.

Браќата Матео и Томасо Питарело се сопственици на ресторанот This is not a Sushibar, во Милан и во својот објект нудат три начини на плаќање. Освен класичниот во готово или со картичка, можете да се плати и во однос на пријателите кои ги имате на Инстаграм, пишува The Oddity Centra.

Нивната понуда не се однесува само на ѕвездите на социјалните мрежи кои имаат над стотина илјади следбеници. Клиентите кои имаат меѓу 1000 и 5000 следбеници можат да добијат бесплатна чинија суши, а оние кои имаат бројка од 5000 до 10.000 следбеници можат да добијат две бесплатни порции суши. Оние пак кои имаат повеќе од 100.000 обожаватели, својот ручек или вечера не мора воопшто да ја платат.

Единствен услов покрај бројот на обожаватели е и да објавите фотографија на Инсгаграм со хаштаг #thisisnotasushibar.

Браќата очигледно преку бесплатното огласување на социјалните мрежи, особено на Инстаграм сметаат дека можат најдобро да се пробијат на пазарот.

Текстот Ресторан во кој можете бесплатно да јадете ако имате над 100.000 обожаватели на Инстаграм е превземен од Reporter.mk.