Ретроградниот Меркур позитивно влијае врз четири хороскопски знаци

Периодот кога Меркур е ретрограден во астрологијата е познат како еден од најнегативните периоди во годината, кога повеќето хороскопски знаци се соочуваат со проблеми. Последниот ретрограден Меркур оваа година трае и ќе заврши на 20 ноември. Од денес до тогаш, четири хороскопски знаци ќе имаат многу поволен период.

Овен

Овните ќе бидат соодветно наградени за своите постигнувања во работата. Нив сè ќе им оди од рака, а особено тоа што ќе бидат целосно здрави во периодот на есенски и зимски настинки. Времето поминато со семејството ќе им донесе само позитивна енергија и пријатни чувства.

Рак

Лошиот период помина и до 20 ноември ѕвездите ви се апсолутно наклонети. Мирни сте, спокојни, среќни, а уште повеќе ќе ве израдува неочекуван прилив на пари или пак, враќање на позајмена сума која веќе одамна ја имавте заборавено.

Вага

На професионален план е стабилно и затоа немате дополнителни главоболки. Семејството е мирно и хармонично, а тоа особено ве радува. Лошото расположение дефинитивно ве напушта и секој ден ќе бидете сè посреќни и сè порасположени споредено со изминатите 10 денови.

Лав

Секој план кој си го поставувате, уште полесно го реализирате и тоа пред предвидените рокови. Луѓето околу вас ви нудат несебична помош. Нема премрежја ниту на љубовен план. Ве очекува мала, но значајна финансиска добивка.

Текстот Ретроградниот Меркур позитивно влијае врз четири хороскопски знаци е превземен од Reporter.mk.