Роденденска торта била спас за 12-те момчиња во Тајланд

Роденденската торта на едно од децата кое славело родеден додека биле заробени во пештерата на северот на Тајланд, била спас за животите на неговите другари.

Како што наведуваат децата тие ги јаделе парчињата роденденска торта кои некои од нив ги понеле со себе, а останатите биле смирени благодарение на медитацијата, која им давала надеж дека ќе бидат пронајдени и спасени.

Напорот на нивниот тренер, чиј надимак бил Аке, е тоа што ги одржувал силни и смирени во текот на 17-те дена поминати во поплавената пештера во Тајланд.

Аке е поранешен будистички монах, кој во пештерата ги учел децата на медитација, со цел да се изборат со стресната ситуација.

Командантот на тајландските Фоки, контра-адмиралот Арпакорн Југонгкаев изјавил дека техниката на медитација, Аке ја користел не само за да ги смири момчињата, туку и колку е можно помалку да го користат воздухот во пештерата.