Роденденски попуст на висококвалитетен мебел во „Дизајн Фантазија“

Оваа година, „Дизајн Фантазија“ слави 25 години постоење, традиција и квалитет со роденденски попуст на целиот асортиман на производи. Компанијата во изминатите години има над 5 000 задоволни клиенти и околу 13 000 успешно изработени проекти. По повод својот 25ти роденден нуди 15% попуст на секој клиент кој до крајот на годината ќе направи нарачка.

Безвременскиот дизајн и стандардот во квалитет се главни особини по кои се препознатливи на пазарот. Високите европски стандарди ги имаат докажано со изработка на проекти и за странските пазари како што се Чешка, Холандија, Германија, Швајцарија, Австрија и многу други европски држави.

„Дизајн Фантазија“ креираат уникатни парчиња мебел за кујни, бањи, дневни, спални и детски соби, како и работни простории и канцеларии. Во изминативе 25 години, ги донесоа до совршенство обработката на масивно дрво, медијапан, керок, иверка, а по потреба изработениот мебел го надополнуваат со стакло, метал, плексиглас и оков од врвни производители.

Нашиот успех се должи на врвниот квалитет на материјалите кои ги користиме и одличниот тим кој 25 години работи заедно. Посветени сме на целиот процес на изработка, од идеја до реализација, односно проектирање, изработка, транспорт и монтажа. Сето тоа доведува до задоволни клиенти, кои повторно се враќаат во нашиот продажен салон.“ изјави Тони Трајков, сопственик на компанијата.

Инспирацијата на дизајнерите доаѓа од идејата дека конструктивните решенија треба секогаш комплетно да ги задоволат потребите на клиентот. Во изработката на сите проекти, „Дизајн Фантазија“ го следи своето основно начело дека при изработката на секое парче мебел се користат само најквалитетните материјали.

Искористете го попустот и внесете безвременски квалитетот во својот дом. Погледнете дел од изработените проекти на нивната веб-страна или побарајте повеќе информации за реализација на вашата идеја на (02) 278 32 33. Ве очекуваат и во нивниот продажен салон на ул. Христо Татарчев 47в во Скопје, Кисела Вода.

ДИЗАЈН ФАНТАЗИЈА е домашно претпријатие за производство на мебел. На македонскиот пазар се присутни од 1994 година. Поради сериозноста на пристапот, постојаното осовременување на производството и усовршувањето на дизајнот, креираат и мебел за извоз на европскиот пазар. Фабриката произведува мебел почитувајќи ги и континуирано следејќи ги светските стандарди во дизајнот и технологијата, со што им овоможува на своите клиенти производи со идентично висок стандард.

Текстот Роденденски попуст на висококвалитетен мебел во „Дизајн Фантазија“ е превземен од Reporter.mk.