Родителите ѝ забраниле секс па решила да живее како кукла

Младата Русинка Ангелица Кенова стана хит на Инстаграм затоа што буквално изгледа како кукла. Таа вели дека иако наскоро ќе полни 30 години, нејзините родители сѐ уште го контролираат нејзиниот живот, па тоа, главно, ѝ овозможило да има изглед на „барбика“.

„Родителите ме израснаа како принцеза и никогаш не смеев да излегувам со момчиња, особено не  смеев да помислам на секс. Па така, јас не сум подготвена за нормален животот и живеам како кукла. Тоа што имам провокативни фотографии е под контрола на моите родители и нема врска со момчињата“, рекла Кенова. Но, нејзиниот изглед, поради што има многу следачи на Инстаграм, се должи на фитнес-вежбите што ги одработува со свој тренер уште од тинејџерските години.

Текстот Родителите ѝ забраниле секс па решила да живее како кукла е превземен од Reporter.mk.