Руска манекенка полугола скокнала од трет кат

Руската манекенка Ксенија Пунтус паднала од третиот кат на зградата во која живее со нејзиното момче Андреј Баков. Андреј е внук на познатиот режисер Никита Михалков. Според руските медиуми, таа се „залетала и скокнака низ прозорецот“, а домарот ја нашол неподвижна на тротоарот пред зградата. Таа лежела полугола на минус пет степени. По ова 21-годишната Ксенија е однесена во болница, каде што е оперирана, бидејќи имала повреди на главата и градите, скршени ѝ се нозете и карлицата.

„Откако се освести, Ксенија го знае само своето име. Сега е во стабилна состојба, но сè уште е во болница“, рекол нејзиниот портпарол.

Полицијата покренала истрага поради чудните околности на несреќата.

Рускиот Рамблер пишува дека внукот на Никита Михалков ги избришал сите профили на социјалните мрежи, а неговата мајка Ана Михалков ги блокирала коментарите на Инстаграм.

Текстот Руска манекенка полугола скокнала од трет кат е превземен од Reporter.mk.