Руски милијардер на сопругата ѝ подари јахта за роденден

Рускиот милијардер Андреј Мелниченко на својата сопруга, Александра Николиќ ѝ подари јахта за 43. роденден. Двајцата се 15 години во брак, а се запознале во Франција во 2003 година. Две години подоцна се земале.

На венчавката им пееле Витни Хјустон, Кристина Агилера и Хулио Иглезиас. Александра и Андреј поседуваат две суперјахти, кои ги дизајнираше францускиот дизајнер Филип Старк. Изградбата на јахтата „А Хамилтон“, чинела 500 милиони долари, а моторната јахта „А“, ги чинела околу 300 милиони долари.

Јахтата „Хамилтон“, која Андреј ѝ ја подарил на сопругата, е долга 120 метри и има осум катови. Има само девет јахти во светот од овој тип.

Кога се испловиле во Лондон, за нив пишуваа сите британски медиуми, затоа што, службите морале да го подигнат лондонскиот мост, преку Темза. Јахтата има непробојни прозори, интериер каде доминира стаклото, кристали и огледала. Андреј вели дека целата јахта е дизајнирана по вкусот на Алексанра.

Ништо помалку не е луксузна ни другата јахта „А“. Во неа има диско со стаклен покрив, а над него има надворешен базен. Александра често плови со јахтата низ Јадранот, а голем број експерти велат дека таа е една од најнапредните суперјахти, кои можат да се видат низ морињата и океаните.

Сите се согласни дека оваа јахта е опремена со бројни еколошки прифатливи иновации. Александра и Андреј првпат станаа родители во 2012 година. Тие ја имаат ќерката Тара и синот Адријан. Богатството на Андреј годинава е проценето на 14 милијарди долари.

Овој 48 годишен бизнисмен е роден во Белорусија, а своето образование го има добиено на московскиот Институт за економски истражувања.

Текстот Руски милијардер на сопругата ѝ подари јахта за роденден е превземен од Reporter.mk.