Садам Хусеин имал договорен брак уште на 10 години со неговата братучедка

Поранешниот ирачки лидер, Садам Хусеин бил оженет со неговата братучетка Сајида Талафах. Првата сопруга на диктаторот била ќерка на еден од неговите вујковци. По неговата смрт, никој не знае што се случило со неа.

Венчавката меѓу Садам и Сајида била договорена однапред кога имале само 10 години од страна на нивните родители. Договорените бракови во муслиманските земји се дел од обичаите кои неретко се почитуваат и денеска.

Двојката се венчала во 1963 година. Точниот датум не е познат, а во бракот добиле пет деца, Удај, Кусај, Рагад, Рана и Хала. Сајида била учителка пред да се омажи за Хусеин, а по венчавката уживала во положбата која и ја донел бракот со високопозиционирано ирачко владејачко лице.

Сајида Талфах носела облека од познати европски дизајнери, поседувала скапоцен накит, а косата ја фарбала во сино. Жена која ја познавала првата дама на Ирак, сведочела дека Сајида многу сакала да има бел тен, па на лицето ставала големи количини пудра. Изгледала како некој да и фрлил брашно во лицето.

Трговци во Багдад наводно стравувале од жената на Садам затоа што ретко плаќала целосна цена за земената роба и покрај големото богатство, кое било украдено од ирачкиот народ.

Други тврдат дека и таа, како и нејзиниот сопруг, била многу насилна. Жената која рабтела кај неа дома како куќна помошничка, ја опишала како крута жена која ја злоставувала својата послуга. Нејзиното куче кое ја каснало, го казнила оставајќи го по цел ден на сонце без вода.

Садам бил многу внимателен кога станува збор за впечатокот кој сакал да го остави во јавност. Кога давал интервју во 1978 година, изјавил дека во бракот најважно му било мажот никогаш да не допушти жената да се чувствува осамена и напуштена.

Се разбира, како и повеќето изјави на Садам и оваа била маска за надворешниот свет. Гласините дека диктаторот има многубројни љубовници не биле тајна. Една од нив имала посебно место во неговото срце, а го нарекла Самир Сахбандар. Фактот дека Хусеин и таа веќе биле во брак, не го спречило тајно да се венчаат во 1986 година.

Текстот Садам Хусеин имал договорен брак уште на 10 години со неговата братучедка е превземен од Reporter.mk.