Саманта Фокс ги продава градниците што некогаш ги носела

Една од најголемите секс-симболи на 1980-тите години, Саманта Фокс (53), на интернет ги продава градниците што ги носела изминатите години. Таа има своја веб-страница преку која продава и парчиња од својата облека – корсети, џемпери и дизајнерска облека.

„Некои парчиња облека доаѓаат со потпис на Саманта и фотографија што ја потврдува автентичноста на предметот”, стои во описот на производите.

Градниците се продаваат за 100 фунти, а неколку бикини што Саманта ги носеше во џунглата за време на снимањето на спотот за песната „Јас сум славна“ веќе се продадени за по 250 фунти. Таа продава и облека што ја носеше во шоуто Celebrity Big Brother и во ТВ-емисиите Good Morning Britain и Loose Women.

Саманта Фокс во осумдесеттите години беше една од најпосакуваните жени во светот. Таа ја почна кариерата на 16 години, прво како модел, а потоа почна и да пее. Често се сликаше и за еротски списанија, меѓу кои и „Плејбој“. Мажите ја обожаваа поради големите гради, а читателите на еден британски таблоид во 2006 година ја прогласија за „најдобра девојка од дуплерка на сите времиња”.

 

Текстот Саманта Фокс ги продава градниците што некогаш ги носела е превземен од Reporter.mk.