Санта лед тешка 315 милијарди тони се одвои од Антарктикот

Санта лед тешка 315 милијарди тони се одвоила од Антарктикот, велат светските научници. Сантата лед имала површина од 1636 километри квадратни и била нешто помала од шкотскиот остров Скај. Научниците и го дале името D28. Научниците укажуваат на тоа дека D28 мора постојано да се набљудува, затоа што во иднина би можела да претставува опасност за бродовите.

Ледената плоча Ејмери, од која се одвои D28, неодамна ја произвела својата најголема санта лед на Антарктикот во последните 50 години, велат научниците. Последен пат кога од Ејмири се одвоил големо количество лед, било на почетокот на шеесетите години од 20 век. Овие плочи земале простор од 9000 квадратни километри. Ејмери е трета најголема ледена плоча на Антарктикот и претставува клучен одводен канал за истокот на континентот. Оваа ледена плоча во основа го продолжува создавањето на глечерите кои од копното се влеваат во морето. Со топењето на сантата лед, овие ледени токови ја одржуваат рамнотежата.

Делот од Ејмери од кои се одвоил D28, има надимак Loose Tooth. Научниците велат дека на сателитските снимки, ова место неверојатно потсетува на заби, какви што имаат малите деца. Прилично се климави. Loose Tooth и понатаму е поврзан со остатокот на Ejveri.

Професорката Хелен Фрикер од Институтот за океонографија „Скрипс“ за „Би-Би-Си“ вели дека во 2002 година предвидела како Loose Tooth ќе се одвои од Ејмери, некаде во периодот околу 2010 до 2015 година.

Иако многумина не се согласуваат со неа таа тврди дека не постои врска меѓу овој настан и климатските промени. Сателитските снимки и податоци уште од 1992 година, покажуваат дека Ејмери е приближно во рамнотежа со својата околина и покрај тоа што нејзината површина интезивно се топо во лето.

 

„Иако се наоѓа на Антарктикот, не треба премногу да не загрижува оваа ледена плоча“, вели Фрикер.

Таа смета дека крајбрежните струи и ветрови ќе го однесат овој тежок леден брек кон запад и веројатно ќе бидат потребни неколку години за тој целосно се распадне и се стопи.

 

Текстот Санта лед тешка 315 милијарди тони се одвои од Антарктикот е превземен од Reporter.mk.