Русинот Арсен, по 14 години брак, се развел од својата сопруга Људмила оти ја критикувала играта на Лионел Меси на Светското првенство во Русија. Тие се запознале во 2002 година, а се венчале и покрај тоа што навивале за ривалски руски тимови. Но, Арсен отсекогаш бил фан на „Барселона“, а Људмила на „Реал Мадрид“.
„Аргентина играше лошо и Људмила постојано ме задеваше. Цело време зборуваше дека Меси не е во состојба да даде гол. Кога во текот на натпреварот меѓу Аргентина и Нигерија повторно почна да го навредува Меси, ѝ вратив и почнав да го навредувам нејзиниот сакан Кристијано Роналдо. Во целата своја лутина си ги собрав сите работи и отидов засекогаш од дома“, рекол 40-годишниот Арсен за руските медиуми.
Тој додал дека веќе следниот ден поднел документи за развод од 37-годишната сопруга.
Текстот Се развел од сопругата оти го навредила Меси е превземен од Reporter.mk.