Се развел од сопругата оти го навредила Меси

Русинот Арсен, по 14 години брак, се развел од својата сопруга Људмила оти ја критикувала играта на Лионел Меси на Светското првенство во Русија. Тие се запознале во 2002 година, а се венчале и покрај тоа што навивале за ривалски руски тимови. Но, Арсен отсекогаш бил фан на „Барселона“, а Људмила на „Реал Мадрид“.

„Аргентина играше лошо и Људмила постојано ме задеваше. Цело време зборуваше дека Меси не е во состојба да даде гол. Кога во текот на натпреварот меѓу Аргентина и Нигерија повторно почна да го навредува Меси, ѝ вратив и почнав да го навредувам нејзиниот сакан Кристијано Роналдо. Во целата своја лутина си ги собрав сите работи и отидов засекогаш од дома“, рекол 40-годишниот Арсен за руските медиуми.

Тој додал дека веќе следниот ден поднел документи за развод од 37-годишната сопруга.

Текстот Се развел од сопругата оти го навредила Меси е превземен од Reporter.mk.