Се затвори најголемата озонска дупка над Арктикот

Огромната озонска дупка што во март оваа година се појави над Арктикот, се затвори. Ова е најголемата озонска дупка што некогаш се појавила на Јужниот Пол. Научниците од Copernicus Atmospheric Monitoring Service (CAMS), претпоставуваа дека озонската дупка е резултат на големите пожари во Австралија, емитирањето штетни гасови или заради разните озони на Арктикот.

Тогаш често изјавуваа дека се загрижени заради нејзиното настанување и дека стравуваат од можните последници врз планетата.

Иако затворањето на озонската дупка би можело да се поврзе со ‘стопирањето на светот’, научниците велат дека причината не е таа.

„Ковид-19 веројатно нема никаква врска со тоа,“ објавиле од CAMS и додале: „Затворањето го покренале необично силните и долготрајни поларни ветрови, и тоа нема врска со промената на квалитетот на воздухот“.

Тоа што е необично во врска со оваа озонска дупка, е фактот што сето тоа се случило во пролет. Од NASA истакнале дека вакво нешто се случува еднаш на 10 години.

Инаку, претходната најголема озонска дупка во јужната хемисфера е забележана во 2011 година.

Текстот Се затвори најголемата озонска дупка над Арктикот е превземен од Reporter.mk.