Седум споени викенди во 2020 година

Утре (понеделник, 9 декември) е последниот неработен ден оваа година. Догодина, пак, ќе има дури седум споени викенди. Ова е листата на неработни денови за 2020 година, согласно Законот за празници.

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (среда), Нова Година,
• 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот
календар,
• 01 мај (петок), Ден на трудот,
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај
(понеделник) е неработен ден.
• 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е
неработен ден.
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден.
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден.
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед:
• 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
• 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:
• 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница:
• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница:
• 27 јануари (понеделник), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница:
• 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница:
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница:
• 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница:
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница:
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

Текстот Седум споени викенди во 2020 година е превземен од Reporter.mk.