Секој понеделник „Гласна куќа“-нова македонска тинеџерска серија

„Гласна куќа“, е името на тинејџерската серија која секој понеделник „ТВ 24“, ќе се прикажува во 19.15 часот. Репризата е во во недела во 16:15 часот. Зад проектот стои познатата актерка Весна Бејби Петрушевска. Таа вели дека станува збор за урбана и модерна серија за тинејџери кои глумат како вистински актери.

„Најважно од сè е дека во епизодата има директни пораки за децата и родителите. Кога се вели за родителите, на тоа се мисли дека тие треба да знаат како размислуваат нивните деца и како да разговараат со нив за теми што досега биле табу. Целата серија им посочува на децата дека треба да другаруваат, да си помагаат едни на други, да ги заборават мобилните уреди и вистински да уживаат во своите тинејџерски години„, велат од тимот на новата серија.

Првата епизода е со наслов „Симпатија“.

Текстот Секој понеделник „Гласна куќа“-нова македонска тинеџерска серија е превземен од Reporter.mk.