Шпанија со дронови се бори со граѓаните кои го прекршуваат карантинот

 

По Италија, Шпанија е најпогодена држава во Европа од епидемијата на Ковид-19. За жал се чини дека дел од граѓаните неодговорно ги прекршуваат мерките на властите во Шпанија. Така иако има илјадници потврдени случаи на коронавирус граѓаните го прекршуваат карантинот.

Во борба со прекрувачите полицијата ги презема сите мерки, а една од нив надгледување на областите со дронови.

BBC сподели видео во кое шпанската полиција со дрон патролира, а полицаец преку звучник на дронот ги повикува граѓаните да останат во своите домови. Шпанија не единствената држава која користи дронови за справување со епидемијата. Претходно и Кина ги користеше за следење на граѓаните кои го прекршуваат карантинот.

Шпанија има исклучително рестриктивни мерки за справување со заканата. Движењето е забрането речиси во целост освен движењата кои не можат да се одложат.

Текстот Шпанија со дронови се бори со граѓаните кои го прекршуваат карантинот е превземен од Reporter.mk.