Што ќе се случи ако сите луѓе одеднаш исчезнат од Земјата?

Што ќе се случи ако сите луѓе одеднаш исчезнат од Земјата? На ова прашање одговор дава екипата што стои зад фејсбук-страницата What if.

На Земјата живеат преку 7,6 милијарди луѓе, а таа бројка секојдневно се зголемува. Влијанието што го имаме на планетата може најлесно да ни покаже што би се случило со неа ако луѓето исчезнат во ист момент.

За неколку секунди

Ако луѓето одеднаш исчезнат од Земјата, би настанал хаос во истиот момент. Авионите би паѓале, возовите би излетувале од шините, автомобилите без возачи би се судирале.

За неколку часови

По еден час би почнало да се случува масовно помрачување во делови од светот. Електраните што произведуваат струја од фосилни горива би престанале да работат без гориво, а без човечко надгледување не би функционирале ниту оние што работат на ветер или вода.

По еден ден

Следниот ден компјутерите автоматски би ги исклучиле погоните во нуклеарните електрани и би се спречила катастрофа. Светот би останал целосно без електрична енергија.

По три дена

Третиот ден лондонски Биг Бен би прекинал со работа бидејќи стрелките се навиваат на секои три дена. Улиците би биле преполни со животни. Куќните миленици и животните од зоолошките градини би се ослободите и би умирале од глад.

По 10 дена

По десет дена би попуштиле безбедносните мерки во нуклеарните електрани и би се случиле верижни експлозии. Притоа би се емитувала токсична радијација во дел од планетата. Животните што живеат во погодените региони би умреле, но видовите во подрачјата оддалечени од електраните би преживеале.

Стоката и домашните животни би се повлекле во планина, супермаркетите би биле исполнети со глувци и стаорци, ловени од домашните миленици кои ќе направат сè само за да дојдат до храна.

По неколку години

По неколку години градовите какви што денес ги познаваме би почнале да изгледаат како тематски паркови. Радијацијата би се расчистила, а вегетацијата би почнала да расте по улиците и зградите. Сè би било прекриено со мувла.

По 30 години

По 30 години сателитите што човекот ги има лансирано да истражуваат во вселената би се вратиле на Земјата, но не би имало некој да ги користи собраните податоци. Куќите и висококатниците би почнале да се рушат, а во некои крајбрежни предели морето би проголтало цели градови.

По 40 години

Глобалното затоплување би продолжило уште 40 години по нашето исчезнување.

По 60 години

За 60 години морскиот живот би закрепнал од непланското ловење.

По 150 години

По 150 години урбаните околини би ги вратиле своите природни состојби. Лондон би станал мочуриште, во Ванкувер би имало снег и лед и би се издигале ледени карпи високи колку згради. Лас Вегас би изгледал како голем песочен дворец.

По 230 години

230 години по нашето исчезнување билките би го искористиле целиот вишок на јаглерод диоксид од атмосферата. Шумите би го преземале поголемиот дел од Северна Америка, а единствен знак дека таму имало цивилизација би биле остатоците од железо и пластика.

По 500 години

По 500 години шумите би станале поздрави во однос на тоа што биле во последните 10 000 години, а природата би ја избришала секоја трага на човечкото постоење.

 

 

 

Текстот Што ќе се случи ако сите луѓе одеднаш исчезнат од Земјата? е превземен од Reporter.mk.