Си-ен-ен се обиде да го напише зборот Русија на кирилица

Американскиот телевизиски канал Си-ен-ен направил грешка во пишувањето на зборот Русија (Rossiя) за време на директниот пренос.

За време на емисијата во живо на мултимедијалниот екран зад грбот на телевизискиот водител требало да се појави името на земјата на руски јазик, а потоа на англиски.

Редакцијата на Си-ен-ен не успеала да излезе на крај со кирилицата и во името ја ставила буквата U поради што натписот излезе РUССИЯ. Овој пропуст станал вистински хит на социјалните мрежи.