Синот на Шумахер ја освои титулата во Формула 3

Синот на легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик, ја освои титулата во Формула 3 шампионатот.

Мик денеска го освои второто место на втората трка и на тој начин ја обезбеди првата позиција во генрералниот пласман. Ова претставува еден од неговите најголеми успеси во неговата кариера.

Мик има 19 години и во решавачкиот викенд влезе со 49 бодови предност пред Дан Тиктам. Стартот го почна лошо кога по направениот судар, го освои само 12 место. Во второто издание се најде на 2 место и на тој начин ги обезбеди потребните поени кои му гарантираат шампионска титула.

 

Шумахер ја освои титулата во втората сезона во Формула 3, откако во дебитантскиот настап го освои 12. место.

Текстот Синот на Шумахер ја освои титулата во Формула 3 е превземен од Reporter.mk.