Сите 12 деца и тренерот спасени од пештерата во Тајланд

Со ракоплескање и овации собраните пред пештерата во Тајланд го прославија извлекувањето на сите 12 момчиња и нивниот тренер од пештерата во Тајланд, пишуваат светските медиуми.

Денес беа извлечени последните четири момчиња, меѓу кои и најмладото кое има само 11 години и нивниот тренер. Тренерот последен бил извлечен од пештерата. Според тајландската морнарица во пештерата по спасувањето на 12. деца и нивниот тренер и понатаму се наоѓаат тројца нуркачи и лекарот кој се грижеше за младите фудбалери во текот на претходните денови.

Момчињата со хеликоптер се пренесени во болница во градот Чианг Раи. Младите фудбалери и нивниот тренер беа заробени во пештерата од 23 јуни.