Скромни венчаници од „Шанел“ за 2020 година

Модерната невеста носи „Шанел“. Неделата на високата мода за дизајнерите е прилика да ги покажат своите најдобри креации. И, секако, во оваа спектакуларна модерна трка, „Шанел“ е меѓу лидерите.

Меѓутоа, во новата сезона креативниот директор на брендот, Вирџини Виар, не се потпира само на сложените стајлизи, туку и на едноставните и јасни силуети, чисти нијанси и елегантен вез – нејзината колекција за пролет и лето се состои од снежно бели фустани за модерните невести.

Колекцијата ни открива нови трендови – насочете се на струкот, светлите нијанси, цветниот вез, чипката, макси џинсот, проѕирните ткаенини и чорапи. Колекцијата е инспирирана од архивите на куќата и црпи инспирација од сиропиталиштето каде Габриела Шанел ги поминала деновите од детството.

Текстот Скромни венчаници од „Шанел“ за 2020 година е превземен од Reporter.mk.