Слика на Моне продадена за 24 милиони фунти

Сликата „Палатата на Доџ“ од Клод Моне е продадена за 24 милиони фунти на аукцијата на импресионистички и надреалистички дела во „Сотби’с“ во Лондон. Купувачот на сликата побарал да остане анонимен.

Аукциската куќа оствари приход од 87,7 милиони фунти. Најголем удел во тоа имаше продаденото дело на Моне, а на наддавањето беа продадени и слики од Пабло Пикасо, Алберто Џакомети и Марк Шагал.

Текстот Слика на Моне продадена за 24 милиони фунти е превземен од Reporter.mk.