Снег за Нова Година

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, а во одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во текот на ноќта ќе има локални слаби врнежи од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од нула до 10 степени.

Во Скопје ќе има слично време, умерено облачно со појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до шест степени.

За Нова година времето ќе биде облачно, со слаби локални врнежи од снег и ќе дува умерен северен ветер. Во вторник ветерот ќе засилува и ќе биде стабилно и суво, а ново наоблачување со локални врнежи од снег се очекува во среда кон крајот на денот.

Текстот Снег за Нова Година е превземен од Reporter.mk.