„Снежното кралство 2“ од денес во „Синеплекс“

Вториот дел на еден од најпопуларните анимирани филмови, „Снежното кралство“, од денес ќе игра во киното „Синеплекс“. Приказната за Ана, Елза, Кристоф и Олаф продолжува, а овој пат тие тргнуваат во авантура и мисија да го спасат кралството Арендел – домот на принцезите.

Првиот дел на „Снежното кралство“ заработи 1,276 милијарди долари во светот и освои два Оскара, а стана анимиран филм со најголема заработка. Од летово тој рекорд го држи „Кралот лав“.

Викендов во „Синеплекс“ се закажани активности за најмладите – пеење и танцување со Ана и Елса, креативни работилници, цртање на лице и многу награди и изненадувања за сите присутни.

Текстот „Снежното кралство 2“ од денес во „Синеплекс“ е превземен од Reporter.mk.