Со масажа за деца против врсничкото насилство

Во основното училиште „Његош“ во Ниш, почна да се применува нова програма „Масажа за деца“, која ќе се практикува со цел да се спречи врсничкото насилство. Оваа програма кое ги опфаќа децата на возраст од 6 до 12 години и е превземена од британската национална програма.

Дозволата за спроведување на програмата за масажа за децата е одобрена од Министерството за образование, а професорката по флејта Марија Митиќ од училиштето „Његош“  која е лиценциран инструктор за спроведување на програмата, вели дека децата со воодушевуање ја имаат прифатено.

„На првиот час децата совладаа три движења од вкупно 15, колку што ги има“, вели Марија.

Марија вели дека ова е одличен начин децата да научат дека стисокот не е исто што и прегратката и да го научат правилниот начин на дишење.

На овој начин ќе ги анимираме како да се однесуваат кон врсниците. Целокупната програма за масажа за возраст од 6 до 10 години опфаќа 15 потези што се јасно утврдени, како и редослед што се учи и применува. Ќе имаат пет часа, а потоа ќе можат овие движења и целата програма да ги користат пред усвојување нов материјал или кога атмосферата е таква што е потребно децата да се релаксираат“, објаснува Митиќ.

Целта е опуштање и меѓусебно уважување, дружење на здрав и соодветен начин. На овој начин децата се масираат едни со други и учат да разликуваат удар и стисок од пријатен допир. Додека инструкторката покажува на возрасна личност како се изведуваат допирите за масажа, децата се масираат едни со други.

„Вака тие учат правилно дишење, сознаваат јасно и прецизно да ги препознаат своите чувства, да кажат дали нешто им одговара или не. Допирот е многу важен во секојдневниот живот на сите нас. Ги учиме децата дека слободно можат да го изразат своето мислење, затоа се работи во група со врсници и поради тоа и самата цел е дете да масира дете. Кога јас масирам, масирам професор, односно возрасна личност, а тие тоа го прават меѓусебно. Секако, во безбедни зони и обучени, движењата што се изведуваат не можат да ги повредат – додава професорката.

Пред програмата да почне да се применува во училиштето, родителите дале согласност, а инструкторката објаснува дека и децата и родителите биле воодушевени.

„Програмата се применува на деца до 12 години, а јас тоа го правам до 10 години. Тоа е возраст кога лесно се анимираат, кога од мали нозе може да им се укаже дека треба да бидат внимателни. Тие сето тоа го прифатија како забава, така што учат низ игра“, заклучува инструкторката.

Во основното училиште „Његош“ се надеваат дека програмата ќе ги намали стресот и напнатоста кај децата. Директорот на училиштето, Бојан Крстиќ, објаснува дека програмата е целосно безбедна и одобрена од министерството за образование, а со оглед на тоа што во странство со оваа програма е намалена стапката на врсничко насилство, а зголемена концентрацијата кај децата, училиштето лесно ја прифати.

„Децата се под стрес, некои доаѓаат на училиште тажни, некои бесни, па може да се случи да се обидат да ги канализираат чувствата преку агресија. На овој начин тие се опуштаат и стануваат поотворени за јасно да кажат што сакаат, а што не, така што верувам дека ќе биде од корист. Родителите дадоа согласност, на децата им се допаѓа. Современата доба бара и современ пристап во учењето, така што нема причина зошто да не се обидеме“, заклучува Крстиќ.

Текстот Со масажа за деца против врсничкото насилство е превземен од Reporter.mk.