Сончев ден со температури до 9 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9 степени, соопшти УХМР.

Утрово најстудено е во Битола каде се измерени -18 степени, потоа -12 во Скопје-Петровец, Лазарополе,Тетово, Берово, -11 Прилеп, -10, Струмица, -9 Д.Капија, -8 Штип, Куманово, -7 Ск. З.Рид., -6 К.Паланка, Охрид, Претор, -3 Гевгелија, 0 Дојран.

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Утре и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.

Текстот Сончев ден со температури до 9 степени е превземен од Reporter.mk.