Сондата „Војаџер 2“ по 41 година го напушти Сончевиот систем

Сондата „Војаџер 2“ која беше лансирана од НАСА на 20 август 1997 година, го напуштила сончевиот систем. Сондата минала речиси 18 милијарди километри и претставува втор пат објект направен од човечка рака кој успеал да стигне толку далеку во вселената. Веста ја потврди и главниот научник на мисијата, професорот Едвард Стоун.

Мисијата на „Војаџер 2“ трае 41 година и претставува најдолгата мисија на американската вселенска агенција. Ќе трае и во иднина. Во НАСА особено се импресионирани од сработеното, со оглед дека на стартот утврдиле дека рокот на траење на „Војаџер 2“ бил само пет гдини, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Војаџер 1“ бил лансиран само неколку недели по „Војаџер 2“, и ја преминал истата граница во 2012 година. Сондата излегла од хелиосферата, балоните на магнетните полиња и честичките кои ги креира Сонцето. Но, научниците велат сондата иако ја напуштила хелиосферата, не значи дека го напуштила и нашиот соларен систем. Сондата „Војаџер 1“ се наоѓа во просторот каде влијае гравитацијата на Сонцето.

„Војаџер 2“ има плазма експеримент со кој може да прави снимки од овој дел на меѓуѕвездениот простор и да им ги испраќа на научниците. Овој инструмент престанал да работи на „Војаџер 1“ во 1980 година, но и понатаму е во функција на неговиот „близнак“. Единствениот проблем е што на податоците им се потребни 16,5 часа да стигнат до Земјата.

Научниците велат дека и покрај долгиот период минат во вселената, сондата и понатаму е во добра состојба. Најголемата грижа е нејзиниот погон. „Војаџер 2“ губи околу 4 вати од напојувањето на годишно ниво и научниците мораат да ги исклучуваат некои од системите за да некои од инструментите останат во функција. Камерите на двете сонди повеќе не работат.

Двете сонди се испратени во вселената да ги истражуваат Јупитер и Сатурн. Кога завршиле со овие мисии, биле пренасочени кон Уран и Нептун. Сондите и понатаму испраќаат фотографии и звуци на Земјата. Научниците велат дека двете сонди можат да ја наживеат човечката цивилизација.

Текстот Сондата „Војаџер 2“ по 41 година го напушти Сончевиот систем е превземен од Reporter.mk.