Споените близначки по операцијата не сакаат да бидат една без друга

Споените близначки од Бутан, кои минатата недела беа разделени од австралиски хирурзи, иако сега се  независни, не сакаат да бидат одвоени една од друга, откриваат од Кралската детска болница во Мелбурн. Петнаесетмесечните Дава и Нима Пелден, кои беа родени споени во стомакот, патуваа 9.600 километри заради операцијата која им го промени животот.

„Тие никогаш не се далеку една од друга. Се обидовме и успеавме малку да ги одделиме, но тие постојано се доближуваат и се испреплетуваат со нозете“, вели Кели Смит, координаторката на медицинските сестри во болницата.

Близначките во прв момент биле ставени во посебни креветчиња, но „тоа не им се допаѓало“, раскажува Смит.

„Сега се во ист кревет и среќни се кога се играат една со друга и тоа, всушност, тоа е многу убава глетка. Исто така, сакаат мајка им кога е во близина“, додава Смит.

Главниот детски хирург Џо Крамери вели дека тие закрепнуваат добро една недела по операцијата, која траеше повеќе од шест часа и во која беше вклучен 25-член медицински тим. Операцијата беше изведена на 9 ноември и се проценува дека чинела 180.000 долари.

„Пополека се враќаат во нормалниот живот. Тие повторно јадат и се движат наоколу“, вели Крамери.

Според официјални податоци, споени близнаци се раѓаат еднаш во 200.000 случаи и 70% се женски.

Лекарите ги раздвоија сијамските близначки Нима и Дава

 

Текстот Споените близначки по операцијата не сакаат да бидат една без друга е превземен од Reporter.mk.