Српски студенти измислија паметен тепих

Студентите Жељко Поповик и Владимир Винчан победија на српскиот Национален натпревар за најдобра студентска идеја за 2018 година со проектот – паметен тепих SmartWalk.

Тие се студенти на четврта на Енергетика, електроника и телекомуникации, насока Микрокомпјутерска елетроника на Факултетот за технички науки.

Натпреварот е во рамките на Erasmus+ проектот IF4TM, а својата идеја ја претставија вкупно 10 тимови, финалисти од седум високообразовни установи од Србија, од кои победи тим од Факултетот за технички науки.

Основната идеја на SmartWalk е да ја претвора механичката енергија од одењето во електрична енергија. Поповиќ и Винчан во наредниот период планираат да го реализираат првиот прототип од паметниот тепих и да го стават на нивниот факултет.

Текстот Српски студенти измислија паметен тепих е превземен од Reporter.mk.