Стјуард снимен како има секс во тоалетот со порно актерка

Стјуард од американската компанија „Делта ерлајнз“ заработил отказ, откако на интернет се појавила снимка од сексот кој го имал со познатата порно актерка Остин Волф за време на работно време.

Директорите веднаш наредиле да се покрене истрага, а резултатите покажале дека неиуменуваниот стјуард не бил на должност во моментите додека ги поминал во тоалетот со Остин Волф.

„Само сакам да ме оставите на мир. Сакам да го вратам мојот живот во нормала“, изјавил тој.

Директорите на „Делта“ веднаш го суспендирале, а сега размислуваат за тоа дали можат да го тужат човекот кој снимката ја снимил и ја објавил без дозвола од друга личност.

Остин Волф, која работи како проститутка за 1200 долари за една вечер, одбива да го коментира целиот случај.

Нивната забава во тоалетот траела осум минути, а посрамениот стјуард изјавил дека нема поим дека камерата ги снимала.

Текстот Стјуард снимен како има секс во тоалетот со порно актерка е превземен од Reporter.mk.