Стоматолози од устата на 7-годишно дете извадиле 526 заби

Индиски стоматолози од устата на 7-годишно дете со операција извадиле 526 заби, пренесува „Бизнис инсајдер“. Родителите на детето на 11 јули го довеле на преглед на Стоматолошкиот факултет, поради отоци и болки во пределот на десната вилица. Ренгенската снимка и испитувањето во устата откриле „творби слични на ќесички“ со повеќе од 500. заби, потврдила професорка на орална и максиофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет во градот Шенај.

„Никогаш во пракса не сме се сретнале со ваков случај, иако состојбата е опишана во медицинската литература“, рекла Пратиба Рамани, професорка и водителка на Одделот за орална и максофацијална патологија.

Лекарите појасниле дека израстокот налик на тумор спречил раст на трајни заби во усната шуплина на детето. Тие се сложиле дека е потребно што побргу да се направи операција. Со операцијата се согласиле и родителите, ама им требале неколку часови да го убедат детето. Според лекарите, олеснителна околност е што оваа ретка состојба е откриена во рана фаза. Операцијата траела повеќе од 5 часа, а лекарите извадиле 526 заби со различна големина – од 0,1 до 15 милиметри.

„Изгледаа како бисери извадени од школка. Дури и најмалиот заб имаше круна, корен и форма“, рекле лекарите за индиските медиуми.

Сличен случај е забележан во 2014 година кога стоматолозите од усната шуплина на еден 7-годишник од Мумбаи извадиле 232 заби.

Текстот Стоматолози од устата на 7-годишно дете извадиле 526 заби е превземен од Reporter.mk.