Суперхероите на прозорецот: Предновогодишна радост за болните деца на Клиниката во Скопје

Вчера Суперхероите претпразнично ги посетија децата-пациенти на Клиниката за детски болести во Скопје и измамија насмевки.  Иницијативата која им го разубави денот на малите пациенти, по втор пат ја организира и спроведува Црвен крст на град Скопје, со цел да им донесе дел од празничната магија на децата. Членови на тимот, маскирани во омилените ликови од стриповите, ја изведоа вежбата спуштање по јаже, пред очите полни возбуда на хоспитализираните деца. Децата се фотографираа со нивните омилени јунаци.

 

 

Текстот Суперхероите на прозорецот: Предновогодишна радост за болните деца на Клиниката во Скопје е превземен од Reporter.mk.