Супермесечина на 21-ви март- Како влијае на хороскопските знаци?

Оваа полна месечина ќе се наоѓа во Вага, па може да ја наруши хармонијата во бракот или во врската. Не се препорачуваат големи расправи, но поради положбата на месечината веројатно нема ни да помислите на тоа. Бидете опуштени и не плашете се да ги кажете вашите ставови и мислења.

Многу луѓе ќе посакаат да се разубават и ќе бидат подготвени за флерт, па доколку сте во врска или во брак, внимавајте да не го повредите партнерот.

Вагата е симбол и на правдата, па многу луѓе ќе се почувствуваат неправедно обвинети или запоставени. Ова чувство може да зависи од тоа колку другите ви даваат признание, но и од тоа на колку од нив сакате да им угодите. Погледнете што ве очекува за време на супермесечината според вашиот хороскопски знак.

 

Овен

Кај вас полната месечина ќе се наоѓа на седмото поле на партнерството и на професионално, и на љубовно поле. Можни се добри односи со другите, хармонија во врската и популарност помеѓу пријателите. Некои поединци можеби ќе се одлучат за брак и проширување на семејството. Доколку сте неодлучни, можеби ќе решите да ставите и крај. Сепак, најдобро е да почекате малку за конечната одлука.

 

Бик

Оваа полна месечина ќе се наоѓа во вашата шеста куќа која е поврзана со работата, секојдневието и здравјето, па најдобро е да обрнете внимание на овие нешта. Доколку настанат некои промени, можете многу лесно да се прилагодите. Сега можете да се истакнете и на работното место, па сите да видат колку вредно работите. Некои луѓе можно е да се соочат со психолошки проблеми, па добро е да се држите настрана од нервоза. Исто така немојте да се впуштате во голем шопинг.

 

Близнаци

Полната месечина ќе биде во вашето поле на љубовта, децата, спортот и забавата. Најверојатно ќе се појави желба за деца, како и за искажување на љубова што ја чувствувате кон другите. Вашиот шарм ќе се истакне, а желбата за љубов може да ви донесе и нов партнер. Исто така можен е и голем прилив на пари.

 

Рак

Оваа месечина ќе биде во вашето поле на куќата, корените, новите почетоци и заедницата, па очекувајте изразени емоции поврзани со овие нешта. Бидејќи месечината е вашиот владетел, можно е овој период да се чувствувате напнато и нервозно. Исто така можно е да донесете брза одлука, па добро внимавајте што ќе направите.

 

Лав

Кај вас сè ќе се случува во полето на комуникацијата, кратките патувања, семејството и пријателите. Од 21-ви март ве очекува поволен период, а полната месечина може да ви донесе и нова љубов доколку сте сингл. Овој потенцијален партнер може да биде навистина моќен и да ви помогне во секоја област од животот. Целосно можете да ѝ верувате на оваа личност и да се потпрете на неа.

 

Девица

Полната месечина ќе има добро влијание на вашите финансиски средства. До 29-ти март внимавајте кога станува збор за професионалните партнери, како и за романтичниот партнер, со цел да не настане некоја расправа или недоразбирање. Морате да средите многу документи, а најверојатно ќе задоцните со ова. Сепак, на крајот ќе успеете да ги завршите сите обврски.

 

Вага

Бидејќи полната месечина ќе се наоѓа во вашето лично поле, можете да очекувате некакви новости во љубовта. Можно е да посакате да му се вратите на некој поранешен партнер, но не правете го тоа. Оставете го минатото зад вас и движете се напред.

 

Скорпија

Бидејќи полната месечина ќе се наоѓа во вашата 12-та куќа, можно е да почувствувате немир, изолираност или да се најдете во чудно и непознато опкружување. Исто така можат да настанат промени кои ќе ви го подобрат животот. Движењето на Уран ќе ви приреди многу изненадувања, додека благодарение на Марс ќе имате многу енергија.

 

Стрелец

Оваа полна месечина ќе се наоѓа во вашето поле на дружењето, пријателите, планирањето и желбите. Поради ретроградниот Меркур, можно е да се појават проблеми во домаќинството како расипан бојлер, перална или чешма. На некои поединци полната месечина ќе им донесе многу причини за славење и забава.

 

Јарец

Полната месечина ќе се наоѓа во вашето поле на кариерата, надредените и родителите. Можно е да ве очекува навистина стресен период, па доколку сте направиле некоја грешка, сега не е време да ја исправите. Исто така внимавајте доколку треба да потпишете или да договорите нешто.

 

Водолија

Полната месечина ќе биде во вашето поле на филозофијата, религијата и патувањата. Многу Водолии ги очекува прилив на пари преку партнерот, а може дури и да започнат врска од интерес. Невработените можно е да добијат вест за некое работно место. Добро проверувајте ги информациите – можно е да добиете поголема заработка или покачување на сегашната плата.

 

Риби

Кај вас полната месечина ќе се наоѓа во осмата куќа која ги претставува трансформацијата, наследството, парите и партнерот. Во периодот што следи очекувајте прилив на пари од сите страни. Поради положбата на Венера, можно е некои ваши соништа и фантазии да станат реалност. Ќе ја чувствувате добрата енергија на планетите, па уживајте во неа.

Текстот Супермесечина на 21-ви март- Како влијае на хороскопските знаци? е превземен од Reporter.mk.