Светски ден на лицата со Даунов синдром: Здружението Трисомија 21 прави забава, да им се придружиме од дома

Денес , 21 Март е светски ден на лицата со Даунов синдром. До сега, овој ден лицата со Даунов синдром го одбележуваа со претходно припремени активности, а со цел да се зголеми видливоста на овие лица . Но заради настанатата ситуација со коронавирусот, тие решија да го одбележат поинаку.
Во оваа прилика тие ги повикуваат сите подржувачи денес  да им  се придружат, во попладневните часови и нивните активности да ги следат на фејсбук страна Trisomija 21 -Skopje.

„Затоа сликајте ги вашите шарени чорапи и постирајте ги на нашата фан страна, како поддршка и дружба со нас“,  вели претседателката на Здружението “, Јабмолка Димитрова.
Во изминатите години Здружението Трисомија 21 Скопје организираше многу настани во кои активни учесници беа лицата со Даунов синдром со кои покажуваат дека можат да се  активни во различни сфери .

“Овој ден треба целата позитивната енергија од лицата со Даунов синдром нивните родители и подржувачи да се насочи во исполнување на надежите за подобра, похумана и посигурна иднина на овие лица затоа што тие тоа и го заслужуваат. Во измнатиот периот се придвижија работите во позитивна насока со воведување на задолжителна инклузија на лицата со посебни потреби , отварање на дневни центи,вадење на лицата од институциите и нивно похумано сместување но има многи работа тоа да се преточи во квалитетна примена на законските акти“,  вели претседателката на Здружението “, Јабмолка Димитрова.   Таа ги повиква сите лица со Даунов синдром да се придружат во новоотворениот центар за лица со Даунов синдром, кој се наоѓа во центарот на  Скопје, ведаш позади Соборниот храм . До сега како позначајни активности на Здружението Трисомија 21се :

Две театарски претстави од кои првата се одржа во Театарот за деца и младинци на тема бајки, а втората се одржа во МНТ мала сцена со претставата „Пинокио„.

– Зружението беше организатор и учесник на Инклузивен танцов фестивал во кој освен групи од типични деца учествуваа и лица со Даунов синдром со неколку музичко –танцови точки.

Лицата со Даунов синдром од Здружението учествуваат со свои точки и на многу јавни настапи кои ги организираат други Здруженија.
Настап со Колектив Ветерница на Театарски фестивалот без дискриминација „Игри без маски„ каде добие признание за најдобра колективна игра како и многу други настапи на јавни настани.


Неколку години по ред со цел нагување на традицијата како и зголемување на видливоста на овие лица по повод велигденските празници организиравме хепенинг и по тој повод во големите маркети подаруваме велигденско јајце.

Вакви и слични активности имаме и за 1ви март кога подаруваме мартинки рачно изработени во Здружението како и по повод 8 ми Март подаруваме честитки на случајни минувачи од понежниот пол во големите маркети, а тоа го направивме и оваа година во Рамстор Мол и Веро Центар.

 

 

Текстот Светски ден на лицата со Даунов синдром: Здружението Трисомија 21 прави забава, да им се придружиме од дома е превземен од Reporter.mk.