Тајландски специјалитет за децата кои беа заробени во пештерата

„Тајландски специјалитет кој вклучува листови од босилек со месо и ориз, е првиот појадок на момчињата спасени во неделата“, изјавил шефот на тајландската спасувачка мисија Наронгсак Осотанакор.

„Имаа желба да го јадат тајландскиот специјалитет“, изјавил Наронгсак за време на брифингот на новинарите.

Четири деца беа спасени вчера, а едно денеска, по двете недели драма која ја минаа во пештерата на северот на Тајланд.

Тие девет дена биле изгубени и отсечени од светот во поплавената пештера, а преживеале така што конзумирале мала количина на храна која ја имале со себе и пиеле вода која капела низ карпите.

Во писмата до родителите повеќето деца навеле дека се чувствуваат добро и спомнале што би сакале да јадат кога ќе излезат од пештерата.