Тајните на богаташите: Пет години ги интревјуирал за да дозне како ги стекнале милијардите

Светскиот експерт за психологија Рафаел Бадзиаг, во својата најнова книга ги открива сите навики кои ги имаат милијардерите зардаи кои и создадле огромно богатството. Рафаел откако направил интервју со секој од нив, ја објави книгата во која ги открива нивните тајни и навики.

Рафаел во книгата „Тајната на милијардите долари: 20 принципи на богатството и успехот на милијардерите“, пишува дека сите кои тој ги интервјуирал во изминатите пет години, имаат шест исти навики.

Рафаел минал пет години во интервјуа со 21 милијардер и открил дека тие стануваат рано, внимаваат на здравјето, мнгоу читаат, размислуваат за работите во животот, имаат строги рутини и ритуали и многу вежбаат на дисциплината.

Сите милијардери стануваат рано

„Раното станување е најчеста навика на успешните претприемачи. Во просек сите стануваат околу 5:30 часот наутро и на сите навиката на рано будење им била пресудна за нивниот успех“, вели Рафаел.

Рафаел смета дека раното будење ги прави успешните луѓе попродуктивни и поенергични. Извршниот директор на „Твитер“ Џек Дорси станува со изгрејсонцето и пред да тргне на работа, трча по неколку километри. Истото е и со основачот на групата „Вирџин“ Ричард Брансон.

Ричард Брансон

Внимаваат на здравјето

Секој интервјуиран милијардер има строг режим на вежбање без разлика на возраста. И тие кои се во години редовно трчаат или одат во теретана.

„Инвеститорот Лирио Парисото ми кажа дека три пати неделно посетува теретана. Спортскиот ангажман има многу предности во деловниот живот, затоа што спортот дава витална енергија и ментална сила. Им помага јасно да размислуваат и ги прави дисциплинирани и упорни. Освен спортот, милијардерите медитираат не пушат и внимаваат на здравата исхрана“, вели Рафаел.

Сара Стенли Фелоу, коавторка на книгата „Следниот милионер пред вратите: Трајни стратегии за изградба на богатството“, објавила истражување кое тоа го докажува, а во кое учествувале 600 милиониери од САД. Во него Фело открива дека милионерите минуваат повеќе време вежбајќи и занимавајќи се со спорт, отколку што тоа го прави просечен Американец.

Читаат

Покрај вежбањето и читањето е една од омилените работи на милијардерите. Сите лица кои ги интервјуирал Рафаел, кажале дека редовно читаат весници, биографии, списанија и деловни книги. Питер Стордален, сопственикот „Nordic Choice Hotels“, признал дека преферира детективски романи.

Инвеститорот Ворен Бафет троши 80% од својот ден во читање, а претприемачот и инвеститорот Марк Кубан, често и по три часа дневно чита за браншата во која работи.

Милијардерите размислуваат за многу работи преку медитација, вели Рафаел

Според психологот, милијадерите, без разлика дали е медитација или спорт, одвојуваат време за да размислуваат за работите во животот. Авторот на книгата „Промени ги своите навики, промени го животот“, Томас Ц. Корли минал пет години истражувајќи ги секојдневните навики на 177 милионери, а открил дека размислуваат повеќе од просечен човек, нешто што наводно е клуч за нивниот успех.

„Што можам да направам за да заработам повеќе пари?“, „Ме прави ли мојата работа среќен?“, „Дали доволно вежбам?“, или „Во која друга добротворна организација можам да се вклучам?“.

Сите милијардери имаат строги рутини и ритуали

Утринските рутини се најважни за долгорочен успех во работата, смета Рафаел. Речиси сите милијардери кои ги интервјуирал, имаат утрински рутини кои редовно ги следат. Имаат стандардни рутини со кои го започнуваат денов во канцеларијата.

Вежбаат дисциплина

Милијардерите кои ги инетрвјуирав се најдисциплинираните луѓе кои некогаш ги имам запознаено, вели Рафаел и објаснува дека сите поставуваат високи стандарди.

„Во работата можете да постигнете високи резултати, само ако сте доволно дисциплинирани“, вели Рафаел.

Според Крис Хоган, авторот на книгата „Секојдневни милионери: Како обичните луѓе градат извонредно богатство – и како вие можете да го постигнете“,  дисциплината е клучен фактор во стекнувањето на богатството.

Сепак милијардерите не се машини и не се чувствуваат како суперхерои. Понекогаш знаат да бидат мрзеливи и свесни се поради тоа, но не дозволуваат да се опуштат премногу, вели Рафаел.

Текстот Тајните на богаташите: Пет години ги интревјуирал за да дозне како ги стекнале милијардите е превземен од Reporter.mk.