Татко ја прегазил својата тригодишна ќерка

Во вторникот попладне во местото Велберт во Северна Рајна-Вестфалија, татко ја прегазил својата тригодишна ќерка. Во средата, окружната полиција, објавила дека девојчето починало во болница, од тешките повреди. Пред прошетката во парк, таткото во обид да паркира, несакајќи ја прегазил ќерката.

Додека возел наназад, тој не видел дека девојчето е излено од колата, а по ударот, истото било префрлено во најблиската болница, каде лекарите утврдиле дека не можат ништо да направат.

Портпаролот на полицијата изјавил дека случајот се истражува и дека во тек е процесот во кој се утврдува како детето излегло од автомобилот и дали 25 годишната мајка, веќе била излезена во моментите на несреќата или не.

Точните околности на несреќата сеуште не се утврдени, полицијата бара и сведоци.

Текстот Татко ја прегазил својата тригодишна ќерка е превземен од Reporter.mk.