Театар Комедија продолжува со вонредната сцена

Театар Комедија и оваа недела продолжува со претстави на вонредната сцена. Овој петок на сцената на театарот ќе застанат петмина актери, Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели. Тие, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап да ја расположат публиката.

Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 ч. од сцената во дворот на театарот.

Текстот Театар Комедија продолжува со вонредната сцена е превземен од Reporter.mk.