Дејвид Холстен објавил оглас во весник во Вашингтон дека чисти снег од автомобили, приоди на куќи, дворови и слично, откако Америка на почетокот на месецот ја зафати силно невреме и падна најмногу снег во последните 70 години. Тој заработил 35.000 долари за четири дена.
18-годишното момче, кое потекнува од сојузната држава Ајдахо, бил во Вашингтон на неколку дена за да ја посети мајка си во болница. Откако го објавил огласот добил многу повици за работа. Бидејќи сфатил дека нема да може да постигне се со лопата, тој се вратил во Ајдахо, го зел багерот и плугот и ги однел во Вашингтон. Еден час чистење снег го наплатувал меѓу 500 и 1000 долари, зависно од обемот на работата.
Текстот Тинејџер чистел снег и заработил 35.000 долари е превземен од Reporter.mk.