Тинејџер чистел снег и заработил 35.000 долари

Дејвид Холстен објавил оглас во весник во Вашингтон дека чисти снег од автомобили, приоди на куќи, дворови и слично, откако Америка на почетокот на месецот ја зафати силно невреме и падна најмногу снег во последните 70 години. Тој заработил 35.000 долари за четири дена.

18-годишното момче, кое потекнува од сојузната држава Ајдахо, бил во Вашингтон на неколку дена за да ја посети мајка си во болница. Откако го објавил огласот добил многу повици за работа. Бидејќи сфатил дека нема да може да постигне се со лопата, тој се вратил во Ајдахо, го зел багерот и плугот и ги однел во Вашингтон. Еден час чистење снег го наплатувал меѓу 500 и 1000 долари, зависно од обемот на работата.

Текстот Тинејџер чистел снег и заработил 35.000 долари е превземен од Reporter.mk.