Топ пет дестинации за ова лето

Иако е март и летото сè уште е далеку од нас, сега е вистинско време да почнете да ги планирате одморите.

Мајорка

Ако идејата за вашиот совршен летен одмор може да се опише со бели, песочни и мирни плажи, задолжително посетете ја Мајорка. Оваа дестинација ви нуди многу повеќе од лежење на плажа – од истражување на сокриени пештери до антички катедрали, денови поминати во Serra de Tramuntana – локација која е под заштита на Унеско, до посета на еден од многуте градови.

Амстердам

Овој град е фантастичен без оглед на годишното време во кое ќе го посетите. За време на летото, тој оживува на посебен начин, а нам ни дава прилика да уживаме во бројните активности, од забава за време на денот и ноќта, до опуштање на урбаните плажи, истражување на градот со брод или уживање во скара по кино или театар. Изборот едноставно е неограничен.

Берлин

Берлин е град кој за време на летото добива совршена комбинација од уметноста и културата, театарот и операта, гастрономијата и ноќниот живот. Овој град поседува неколку фантастични базени, на кои се организираат летни забави, додека понудата на совршено освежувачко пиво е неверојатна.

Мајами

Забави покрај базен, аквапаркови, сурфање, плажа и коктели – тоа е Мајами за време на летото. Од иконските Мајами Бич, преку округот Арт Деко или Мав Хавана, до посета на зоолошка градина и мочуришта кои се полни со крокодили во Националниот парк Еваргладис – Мајами секому може да му понуди нешто неверојатно интересно. Ова е град кој нуди многу повеќе од сјај и гламур.

Венеција

Со своите 177 канали, над 400 мостови и 139 цркви, Венеција мора да се истражи полека и внимателно. Најдобриот начин за уживање во Венеција за време на летото е на брод, со откривање на нејзините канали и лагуни. Од базиликата Св. Марк, до палатата на Цезар, овој град содржи бројни историски градби, музеи и уметнички галерии.

Текстот Топ пет дестинации за ова лето е превземен од Reporter.mk.